Нов скандал го тресе британското кралско семејство

Внукот на британската кралица Елизабета Втора се најде во непријатна ситуација кога полицијата го фати поради возење во текот на карантин за да посети мажена жена.

Питер Филипс, син на принцезата Ана и нејзиниот поранешен сопруг капетанот Марк Филипс, го пријавија бесни жители на градот Абердиншир, каде што внукот на кралицата стигнал од 740 километри одалечениот Глостершир.

Полицијата го затекнала Филипс (43) во домот на мажена жена, пишува сајтот „7news.com.au.

Сепак, тие заклучиле дека кралскиот внук не ги прекршил правилата за карантин, затоа што, објаснил, дека деловно допатувал во Шкотска.

Портпаролот на Филипс рече дека тој не ги прекршил правилата воведени поради пандемијата затоа што патувал деловно и додаде дека не ги коментира деталите од неговото сместување во таквите случаи.

Филипс инаку работи како маркетинг консултант, а наводно патувал заради работи на својата компанија „ХЛ медикал“ која обезбедува брзи тестови на вируси. Тој е 17 по ред за тронот и се смета дека и е омилен внук на кралицата.

Сан“, меѓутоа, наведува дека ова не е првпат Филипс да ја посетува „мистериозната“ жена во текот на пандемијата.

Весникот открива дека жената што е во центарот на ова случување е ќерка на богат нафтен магнат, Линдзи Волас. Исто така, се наведува дека таа повеќе не живее со својот сопруг и дека е школска другарка на сестрата на Филипс, Зара Тиндал. Филипс, се зборува, дека бил „вљубен до уши“ во Линдзи.

Питер е лудо вљубен во неа. Се познаваат многу долго време“, истакнал изворот на „Сан“.

Ова, додал соговорникот, не било првпат тој да дојде во Шкотска за да ја посети, дека работите се чуваат „под тепих“ и дека само мал круг на луже знаеле за ова пријателство.

Сан“ во својот текст наведува дека Филипс бил кај Линдзи во нејзината куќа вредна половина милион фунти, на источниот брег на Шкотска, отприлика во времето кога биле издадени предупредувања за патувања поради Ковид. Нема заклучоци дека при таа посета ги прекршил правилата.

Службениците излегоа на терен, на споменатата локација, разговарале со станарите и не пронајдоа никакво прекршување“, рече портпаролката на шкотската полиција.

Медиумите потсетуваат дека Филипс во февруари минатата година објави дека се разведува од неговата сопруга, Канаѓанката Отом, со која се венча во 2008 година. Тие имаат две ќерки, Савана и Ајла.

Линдзи одела во исто училиште со Зара во Гордонстаун, додека Питер е неколку години постар од нив.

Сан“ пишува дека Филипс и Линдзи се зближиле после неодамнешното собирање по повод годишнината од матурата. Линдзи е, исто така, мајка на две деца и разведена жена.

Линдзи потекнува од релативно богато семејство. Татко и работел во нафтената индустрија. Таа одржува контакт со неколку девојки од Гордонстаун, но најмногу го цени пријателството со Зара“, истакнал соговорникот на весникот.

Филипс неодамна предизвика контроверзи откако се појави во реклама за млеко во Кина.