Обама ги одликуваше Де Ниро, Мајкл Џордан, Спрингстин, Дајана Рос…

Претседателот на САД во заминување, Барак Обама, додели за последен пат во текот на својот втор мандат, претседателски медали за слобода, највисоки цивилни одликувања во САД, кои се доделуваат на поединци кои значајно допринеле за националните интереси.

„Претседателскиот медал на слободата не е само највисока цивилна почест во нашата држава, таа сведочи за идејата дека сите ние, без оглед на тоа кои сме, имаме можност да ја смениме оваа земја на подобро. Од научници, до филантропи и јавни службеници до активисти, спортисти и уметници, овие 21 поединци помогнаа Америка да се придвижи напред притоа инспирирајќи милиони луѓе ширум светот“, рекол претседателот Обама при именувањето на годинешниве добитници.

de-niro

Меѓу 21 лауреат меѓу останатите се кошаркарската ѕвезда Мајк Џордан, глумците Роберт Ретфорд, Том Хенкс, Роберт де Ниро, музичките легенди Дајана Рос и Брус Спрингстин, пренесува АФП.

jordan

„Секој на овој подиум ме допре на силен и личен начин. Сите овие се луѓе кои ми помогнаа да бидам човек каков што сум денес, а за тоа да не се ниту свесни“, рекол Обама на свеченоста во Белата куќа.

Obama Honors 21 Americans With Presidential Medal Of Freedom

Престижната претседателски медал за слободата се доделува на поединци кои допринеле за американските национални интереси, безбедност, култура, мир и филантропија.

springstin-odlikuvanje

Со 114 доделени медали, Обама е рекордер меѓу американските претседатели.

Претседателскиот медал за слободата е воведен во 1963 година за време на мандатот на Џон Ф. Кенеди и го замени медалот за слобода која во 1945 за првпат ја додели претседателот Труман за да им одаде чест на цивилите кои служеле во Втората светска војна.

Барак Обама им скрати затворски казни на 79 лица, осудени за кривични дела поврзани со дрога, соопшти белата куќа.

Со одлуката за скратување на казната опфатени се главно осуденици за ненасилни кривични дела поврзани со дрога, но меѓу нив се и извршители на вооружени грабежи и злосторства во врска со наркотици.

За два мандати, Обама им скрати казни на 1.000 осуденици, повеќе отколку 11 претходни американски претседатели заедно.

Скратувањето на казните е дел од реформите на Обама на американското правосудство.

Обама наведе дека пренатрупаните затвори ги оптеретуваат даночните обврзници, притоа не допринесувајќи за подобрување на безбедноста на граѓаните.