Облачно и постудено со дожд од четврток

Промена на временската состојба со значително опаѓање на дневната температура ќе има в четврток и во наредните денови, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки
работи.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 11 степени, а дневната од 10 до 17 степени.

Од УХМР информираат дека утре ќе се задржи претежно сончево време, а в среда облачноста ќе се зголемува. Утринската температура ќе се движи од минус 2 степени до 6 степени, а дневната 19 до 26 степени.