ОБСЕ/ОДИХР: Референдумот беше советодавен, прашањето е во надлежност на Собранието

LinkSense.mk

Мирен, спокоен и добро организиран референдум со мирна кампања и постапки кои се воделе непристрасно, вака мисијата на ОБСЕ/ОДИХР го оцени вчерашниот ден на гласање.

Како што изјавија денеска од мисијата кампањата била мирна и активна, а слободата на собирање и изразување почитувана.Администрацијата беше непристрасна и ги почитувше законските рокови. Недостигаше суштинска дебата за некои прашања во ДИК. Законската рамка за референдумот не е сеопфатна, усогласена и не ги опфаќа сите аспекти во доволна мерка, рече амбасадорот на ОБСЕ, Јан Питерсен.

Тој се осврна на проблемите со избирачкиот список и изрази изненадување што ова прашање не било доволно адресирано.

„Ова е прашање прсутно веќе долго време, идентификувано и во претходните извештаи, а останува нетретирано, иако е мошне релевантно за прагот на излезност. Забележавме дека во текот на нашите разговори изминативе седмици ова не се наведуваше како доволна причина на загриженост од нашите соговорници на мое лично изненадување, го покренувавме ова прашање, денеска го посмнавме затоа што тие прашања до сега нетретирани треба да се третираат.

Од ОБСЕ и ОДИХР посочија дека собранието имало право да назначи набљудувачи, но поради тоа што не беше направено, на партиите не им било дозволено да набљудуваат. Сепак, додадоа, дека биле воочени акредитирани набљудувачи кои не успеале да бидат идентификувани, а кои најверојатно биле поврзани со политичките партии.

Шефот на делегацијата на ПССЕ, Штефан Шелах, порача дека Владата мора да работи на избирачкиот список, затоа што луѓето немаат доверба во него. Според него, исто така мора да се почитува и гласот на оние што гласаа на референдумот.

„Мора да се почитува тоа што над половина милион луѓе го искористија своето право и не треба да се зборува само за оние што тоа право не го исползувале. Мора да се покаже поголемо почитување кон оние што гласаа, рече Шелах.

Во врска со цензусот и Питерсен и Пелах посочија дека референдумот не е обврзувачки туку консултативен.

„Не сум приврзаник за цензусот, особено не кога тој е консултативен, служи само да се добие увид, преглед на мислењата, рече Шелах.

„Овој референдум беше советодавен. Собранието ги праша луѓе за мислење на прашање кое е во надлежност на параламентот, тој одговор на прашање го чита Собранието потоа. Постои голема разлика меѓу консултативен и обврзувачки референдум, истакна Питерсен.