Одложен натпреварот на македонската кошаркарска репрезентација со италијанската селекција

„Следејќи го Протоколот Ковид-19 за официјалните натпреварувања на ФИБА во националните тимови и клубовите и советите на нејзината медицинска комисија, Светската кошаркарска федерација одлучи да го одложи натпреварот Италија–Северна Македонија, за квалификациите за ФИБА ЕвроБаскет 2022 што требаше да се одржи денес во Талин, Естонија“, објавено е на веб-страницата на КФСМ.

Одлуката беше донесена откако тројца членови на делегацијата од Македонија беа позитивни на КОВИД-19, при што примарното внимание беше на здравјето и безбедноста на играчите, тренерите и службениците.

Остатокот од делегацијата е ставен во изолација.

Дополнително ќе се изврши ново тестирање на македонската делегација, а за понатамошна медицинска проценка и одлуки, вклучително и можно презакажување на натпреварот за време на овој ноемвриски прозорец.