Од денеска целосна забрана за движење во шумски предели

Владата апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во земјата, заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите.

– Во текот на денешниот ден, 3 август (наутро) стапува во сила целосна забрана за движење во шумските предели низ Републиката, соопшти владината прес-служба.