Од 1 јули свадби и во затворено со максимум 250 гости

На предлог на Министерството за економија Владата денеска донесе одлука од 1 јули 2021 свадби да се организираат и во затворен простор со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот, напиша на неговиот фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

На предлог на Комисијата за заразби болести од 1 јуни е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата.