Општина Делчево ќе ги награди најдобрите матуранти

Советниците од општина Делчево, на денешната 53 седница на Советот, донесоа одлука за ослободување од плаќање комунална такса за корисниците кои користат јавен простор пред угостителски објекти. Одлуката се однесува за користење јавен простор пред истурени деловни места за 2021 година.

„Одлуката е со цел да им се помогне на угостителските фирми, кои се едни од најпогодените од пандемијата“, истакнаа од Општината.

Советниците исто така донесоа одлука за доделување парична награда на најдобрите 10 матуранти во Средното-општинско училиште „М.М.Брицо“ со парична награда која изнесува 20.000 денари за секој ученик.