Општина Струмица ќе ги реконструира изгорените домови на културата во Куклиш и Вељуса

– Општина Струмица изработи комплетна техничка документација за целосна реконструкција на изгорените домови на културата во селата Куклиш и Вељуса и за нив е издадено одобрение за градба, информираат од локалната самоуправа.

Според проектите, во двата дома ќе има сала за приредби и претстави со сцена и гардероби за изведувачи, влезен ходник со пристапни скали, библиотека со читална, две простории за културно уметнички друштва, две канцеларии за вработените, Клуб на пензионери, канцеларија на месната заедница, кафетерија, санитарни простории и просторија за сместување на термотехнички инсталации.

Домот на културата во Куклиш изгоре во пожар во мај 2013 година, а во Вељуса во ноември 2015 година.