Општина Центар ја реконструира атмосферската и фекалната канализација на ОУ „11 Октомври“

LinkSense.mk

Општина Центар започна со комплетна промена на целата атмосферска и фекална канализација во ОУ „11 Октомври“.

Со ова, како што информираат од општината, ќе биде надминат проблемот кој датира од 50-тите години на минатиот век, кога е изградено училиштето.

„Фекалната канализација и атмосферските води се враќаа назад во санитариите. Со реконструкцијата ќе се пренасочат фекалните и атмосферски води во главната атмосферска канализација. Со тоа ќе се задоволат критериумите за хигиена и безбедност, лесно одржување, трајност и отпорност на вградените материјали, соопштуваат од општина Центар.

Атмосферската канализација ќе биде во должина од 90 метри, а фекалната во должина од 85 метри. Зафатот општина Центар ќе го заврши за десеттина дена.