Поранешниот припадник на Исламска држава, за кого се сомнева дека е организатот на бомбашкиот напад на аеродромот во Истанбул во 2016 година, убиен е во текот на специјалната операција во Грузија минатата недела, изјавија официјални лица во Тбилиси.
„Потврдено е дека еден од убиените во операцијата е Ахмед Чатаев“, рече на конференцијата за новинари портпаролот на Службата за државна безбедност, Нино Ѓоргобани.
Во акцијата загинал еден припадник на грузијските специјални сили и три члена на вооружената група која била осомничена за тероризам.
Ранети се четворица полицајци, а еден член на групата е уапсен.
Операцијата траела 20 часови, а извршена е во станбен блок во предградието на главниот град Тбилиси.
Тројцата вооружени напаѓачи, кои носеа појаси со експлозив, убија 45 луѓе и ранија 163 лица на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул во јуни 2016 година.