Ослободителна пресуда за велешанката Павлинка Илоска

LinkSense.mk

Основниот суд во Велес со кој претседаваше судијката Габриела Гајдова денеска
донесе ослободителна пресуда за 23-годишната Павлинка Илоска која лани на 29
септември при семејно насилство го уби невенчаниот сопруг Александар Ристовски.

На Илоска и е укината и мерката „куќен притвор“.

Илоска одговараше за убиство во миг и по сведоштвата и изнесените докази, велешкиот суд донесе одлука таа да биде ослободена.

 

МИА