Османи утре во работна посета на Грција на средби со Сакеларопулу, Мицотакис, Дендијас и Варвициотис

 Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе оствари работна посета на Грција, на покана на својот домаќин, шефот на грчката дипломатија Николаос Дендиас.

Предвидено е потпишување на неколку меѓународни документи, со кои дополнително ќе се збогати договорната рамка меѓу двете држави.

На агендата на министерот во рамките на посетата на Грција е предвидена и средба и со претседателот на Хеленската Република Катерина Сакеларопулу, премиерот Кирајкос Мицотакис и алтернативниот министер за европски прашања Милтијадис Варвициотис.

Во рамките на средбите ќе бидат отворени темите за унапредување на економско-трговската соработка меѓу двете земји, стратешките проекти за поврзување со гас и со гориво, како и учеството на Северна Македонијаво гасниот терминал „Александрополис“ во Грција, стои во соопштението на МНР.

Предвидено е да се разговараи за политичките актуелности во регионот и регионалната соработка, особено за неговата европска и евроатлантска перспектива, и поддршката што Грција ѝ ја дава на Северна Македонија во тој контекст.