Остар пад на Вол Стрит на почетокот на неделата

LinkSense.mk

На Вол Стрит цените на акциите остро паднаа, најмногу во технолошкиот сектор, затоа што финансиерите се загрижени заради растот на приносите на американската државна обврзница и бурните преговори во Вашингтон за задолжување и финансирање на сојузните служби.

Дау Џонс падна за 323 поени, или за 0,94 отсто, и неговата вредност сега е 34.002 поени, додека СП 500 потона за 1,3 отсто, на 4.300 поени, а пак Насдак индексот за 2,14 отсто, на 14.255 поени.

За СП и Насдак индексот ова се најниски стапки од јули годинава до сега, при што СП сега е одалечен од своето рекордно ниво за околу 5 отсто.

Вчера најмногу паднаа цените на акциите на технолошките гиганти, како што се Епл, Микрософт, Амазон и Алфабет, повеќе од 2 отсто. Акциите на Фејсбук поефтинија, пак, за речиси 5 отсто, откако „паднаа“ апликациите на таа социјална мрежа и беа недостапни за миулиони корисници.

За технолошките компании тоа е краткорочна работа, дел од процесот за корекција. Но, каматите се, јасно е, прениски, дел заради попустливите политики на централните банки, а сега вложувачите очекуваат заострување на монетарната политика па каматите се движат кон реално ниво“, вели Џек Аблин, директор во компанијата „Крисет Велт Адвајсор“.

Приносите на државните обврзници растат затоа што се очекува заострување на монетарната политика на Фед, со оглед на тоа дека инфлацијата се движи на високи нивоа и дека општеството се опорави од корона кризата.

Вчера претседателот на огранокот на Фед во Сент Луис, Џемс Билард, предупреди дека инфлацијата би можела да остане зголемена уште некое време, додека до сега службениците на централните банки порачуваа дека инфлациските притисоци ќе бидат привремени. А, тоа би можело да го натера Фед да ја заостри монетарната политика пред таа да се проценува.

Растот на приносите на обврзниците е последица, исто така, од напорните преговори во Вашингтон за задолжување на државата, за пресметка и за зголемување на даноците.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, рече дека не може да гарантира дека владата нема да го прекрши ограничувањето на државниот долг од 28.400 милијарди долари, ако републиканците не им се придружат на демократите во гласањето за подигнување на тој максимум, со оглед на тоа дека државата е соочена со ризик дека нема да може да ги плаѓа своите долгови за само две недели.

Заради сето тоа, вчера продолжи падот на берзанските индекси, откако Дау Џонс минатата недела се намали за 1,4 отсто, СП 500 за повеќе од 2, а Насдак повеќе од 3 отсто.

И на европските берзи вчера цените на акциите паднаа. Лондонскиот ФТСЕ индекс ослабе за 0,23 отсто, на 7011 поени, додека франкфуртскиот ДАКС се намали за 0,79 отсто, на 15.036 поени, а парискиот ЦАЦ за 0,61 отсто, на 6.477 поени.

 

 

 

(Фото: ЕПА)