Остра порака од Вашингтон: Дополнителни санкции за Русија

Вашингтон подготвува нов пакет на санкции кон Русија заради состојбата со рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој отслужува затворска казна, изјави денеска советникот за национална безбедност, Џејк Саливен.

Подготвуваме нов пакет санкции за овој случај. Покажавме дека нема да се повлечеме пред кое било прашање, па ни кога станува збор за случајот со Навални. Ова е одговор на штетните руски активности“, изјави Саливен за Си-Ен-Ен.

Според зборовите на Саливен, новите санкции ќе бидат воведени веднаш откако Соединетите Американски Држави ќе бидат сигурни дека ги утврдиле „вистинските цели“.

Откако ќе бидеме сигурни, ќе воведеме нови санкции“, додаде Саливен.