Откажан летот на СпејсХ на Маск кон Меѓународната вселенска станица

LinkSense.mk

Лансирањето на мисијата СпејсХ кон Меѓународната вселенска станица е одложен од недела за среда заради лошите временски услови на Флорида, каде што е ракетодромот Кејп Канаверал.

Мисијата доби многу внимание во Германија затоа што еден од патниците е Матијас Мауер, 51 годишник од малата сојузна покраина Саарленд.

Матијас ќе биде 12 германски астронаут во вселената и четврти Германец на Меѓународната станица.

Тој заедно со колегите од НАСА, Томас Марсбурн, Реј Чери и Кајли Барон би треало да полетаат во среда околу 6 шасот наутро по средноевропско време, а мисијата на станицата би требало да стигне во сабота, објави НАСА.

Таа американска агенција информираше дека лансирањето во недела е одложено заради силната бура што го зафати тој дел од Америка.

Четирите астронаути на станицата ќе останат до април следната година.

СпејсХ на Илон Маск почна да превезува екипажи минатата година во својата капсула „Драгон“.

Покрената во 1998 година, Меѓународната вселенска станица е најамбициозен проект на соработна на човештвото во историјата. Во него учествуваат Русија, САД, Јапонија и Европската вселенска агенција. Проектот би требало да запре до 2030 година.

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)