Охриѓанец пронајден мртов во водите на Охридското Езеро

LinkSense.mk

Охриѓанец е пронајден мртов во водите на Охридското Езеро, во близина на плажата Сараиште, што се наоѓа кај стариот дел на Охрид.

Безживотното тело на 61-годишниот маж е пронајдено вчера околу 18 часот од страна на капачи кои ведаш ја известиле полицијата.

На лице место пристигнале екипи на полицијата, Службата за итна медицинска помош и обвинител, при што била констатирана смрт.

Причините и околностите под кои настанала смртта ќе покаже истрагата и обдукцијата.