Пад на популарноста на австралискиот премиер

LinkSense.mk

Популарноста премиерот на Австралија, Скот Морисон, падна на најниско ниво од 2020 година, само неколку месеци пред изборите, покажува најновото истражување на јавното мислење. Поддршката за Морисон во јануари паднала за пет процентни поени, на 39 отсто, што е најлош резултат во последните две години. Анкетата, исто така, покажува пад и на поддршката за владејачката конзервативна партија на Морисон на најниско ниво откако стана премиер во 2018-та.

Причина за тоа е, пред се, незадоволството на Австралијците од начинот на кој Владата се бореше против ширењето на „омикрон“ варијантата на корона вирусот.

Морисон уживаше најголема популарност кога ги затвори границите на Австралија и им понуди финансиска помош на загрозените додека траеше карантинот, што придонесе за брзо сузбивање на корона вирусот, пренесува Ројтерс.

Меѓутоа, Австралија сега се бори со многу заразниот вид омикрон, болниците се пренатрупани, а недостигот на намирници во супермаркетите е забележлив поради прекините во синџирот за снабдување.

 

 

 

 

(Фото: АП)