Пад на светските берзи

Акциите во Европа и во САД денеска паднаа, додека доларскиот индекс скокна на 13-годишниот максимум во однос на кошницата на водечките светски валути.

Лондонскиот индекс на акции FTSE 100 во попладневните часови ослабе за 0,8 отсто, на 6.740,94 поени, франкфуртскиот DAX 30 падна за 1,1 отсто, на 10.620,75 поени, а парискиот КАК 40 за 1,1 отсто, на 4.486,38 поени, пренесува Франс прес.

Доларскиот индекс, кој ја мери вредноста на зелената банкнота спроти кошницата од шест главни девизи, порасна во еден момент на 13-годишниот максимум од 100,530 поени, пренесува британскиот „Фајнешенел тајмс“.

berza-1

Акциите во САД го почнаа тргувањето во минус, па така пола час од отворањето на берзата, индустрискиот индекс Dow Jones падна за 0,3 отсто, на 18.870,47 поени, широкиот S&P 500 за 0,2 отсто на 2.175,19 поени, а технолошкиот Nasdaq во истиот процент на 5.265,90 поени.

На девизните берзи, еврото ослабе на 1,0716 долари од вчерашните 1,0725 долари, а фунтата на 1,2453 долари од 1,2455 долари.

Во Азија, токискиот индекс Nikkei 225 зајакна за 1,1 отсто, шангајскиот падна за 0,1 отсто, а хонгкошкиот за 0,2 отсто, наведува АФП.

berza-3