Пакистан: Бомбардирани и запалени 12 училишта

LinkSense.mk

Дванаесет училишта, осум за девојчиња и четири за момчиња, се нападнати со бомби и запалени изминатата ноќ на северот на Пакистан, во област во која се активни екстремисти поврзани со Талибанците кои се противат на образованието на девојчињата, соопшти денеска пакистанската полиција.

Податоци за евентуални жртви нема.

Ниту една група, за сега, не ја превзеде одговорноста за нападите, но пакистанските талибани и нивните сојузници, исламистичките екстремисти кои школувањето на девојчињата го сметаат дека е антиисламистичко, претходно нападнаа илјадници училишта за девојчиња во северозападните и северните делови на земјата.

Нападите во селата во областа Дијамер во северен Гилгит, позната по убавите предели, каде што во нападите поврзани со талибанците на мета се најдоа странски туристи и малцински шиитски муслимани, претставуваат добро испланиран и координиран чин, изјави началникот на полицијата Раџа Аџами.

Напаѓачите, исто така, се обиделе да провалат во училиштето со кое управува војската, но во тоа ги спречиле чуварите, изјави локален жител, додавајќи дека сите слушнале силна експлозија.