ПАКИСТАН ПОТОНА ВО ТЕМНИЦА: Струја снема во сите големи градови

LinkSense.mk

Дефектот во електричната мрежа во раните утрински часови, предизвика прекин на испораката на струја ширум Пакистан, соопштија официјални лица.

„Ненадејниот пад на системот за пренос на електрична енергија предизвика снемување на струја во поголемиот дел од земјата“, објави Министерството за енергетика во твит рано утрово.

„Работите за одржување на системот брзо напредуваат“, се додава.

Министерот за енергетика, Хурам Дастагир, изјави за локалните медиуми дека системот за производство на електрична енергија е исклучен ноќе, бидејќи во зима има помала побарувачка низ целата земја.

„Меѓутоа, кога системите денеска утрово беа вклучени, воочени се варијации на фреквенцијата и флуктуации на напонот на југот од земјата“, рече тој.

Дастагир истакна дека може да бидат потребни најмалку 12 часа за повторно воспоставување на снабдувањето со струја низ целата земја.

На социјалните мрежи популарен е хаштагот #poweroutage, а некои луѓе сметаат дека коалициската влада предводена од премиерот Шебаз Шариф е одговорна за проблемот со струјата.

Пакистан се соочува со ризик од неплаќање и неисполнување на финансиските обврски поради брзото намалување на девизните резерви, минатогодишните разорни поплави и глобалното економско забавување.

Прекинот на струја е еден од најлошите кои земјата ги доживеала, струја нема во сите поголеми градови, вклучувајќи го и главниот град Исламабад.