Пак се намалуваат цените на горивата

LinkSense.mk

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 % во однос на одлуката од минатата недела.

Цени на бензините „супер 95“ и „супер 98“ се намалуваат за 2,00 денари за литар, на дизелот за 1,50 денари за литар, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1,00 денар за литар.

Единствено ќе се покачи мазутот, за 0,027 денари за килограм: Неговата цена од полноќ ќе биде 41,810 денари.

Од полноќ „суперот 95“ е 84,50 денари, „суперот 98“ е 86,50, дизелот 86,50, масло за горење ЕЛ-1 ќе биде 82,50, а мазутот ќе чини 41,810 денари за килограм.