Пандаровски -Помпео: Помошта од САД е потврда за меѓусебната солидарност и пријателство

Справувањето со Ковид-19, последните случувања во регионот, со посебен осврт на прашањето на Косово, биле теми на денешниот телефонски разговор меѓу претседателот Стево Пендароцски и државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Мајк Помпео.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Пендаровски од името на граѓаните на Република Северна Македонија и од свое лично име изразил сочувство за смртта на над 50.000 американски граѓани како последица на Ковид-19 и изразил солидарност со американскиот народ.

Двајцата соговорници размениле информации за актуелните состојби
околу справувањето со пандемијата, при што претседателот Пендаровски изрази благодарност до државниот секретар Помпео за досегашната американска помош за справување со вирусот, која изнесува над еден милион американски долари.

Пендаровски истакна дека помошта е потврда за солидарноста и пријателството на двете држави во време на сериозни предизвици со кои се соочува целокупното човештво.

„Пендаровски му се заблагодари на секретарот Помпео за честитките за членството на Северна Македонија во НАТО, како и за целокупната американска поддршка и посебно на американската дипломатија, во исполнувањето на оваа стратешка цел“, се наведува во соопштението.