Пресек на реформите во судството, јавната администрација, безбедносните служби и СЈО, но и осврт на „детските болести“ на нашите реформи треба да даде панелот што под наслов „Реформски бенч – мракови: Дали имаме реформи и зошто не?“ ќе се одржи денеска во Скопје.
Активноста е дел од проектот со наслов: „Детски болести на демократијата“, кој има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста на Владата, по прашања на реформите и нивните постигнувања.
На панелот како говорници се најавени: Александар Цветкоски, Борче Давитковски, Катица Јанева, Гордан Калајџиев, Никола Дујовски, Ана Павловска Данева, Мирјана Најчевска и Денис Прешова, а модератор е Сашо Ордановски.
Проектот е во имплементација на АГТИС, а финансиски поддржан од НЕД.