Панчевски за „Фокус“: „Во животот сум украл само едно количе од градинка!“

Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, во изјава за „Фокус“ ги отфрла обвинувањата дека имал криминално досие, отворено во средношколските денови.

„Се сеќавам во градинка еднаш украдов едно количе. Можеби и тоа ќе излезе во јавноста. Што да кажам…на човековата глупост и нема крај!“, вели Панчевски за „Фокус“.

Инаку, порталот А1он тврди дека поседува документи за досие на Панчевски, според кои претседателот на судот учествувал во кражби на радија, грамофони и решоа.

Според порталот, Панчевски последен пат го дополнил досието пред 11 години, за дело „насилство”.

На прашањето на „Фокус“ за ова дело, Панчевски рече: „Немам намера да коментирам поединечно за сите обвинувања. Кажав што имам да кажам.“