Папата Фрањо: „Срцето ми е скршено поради инвазијата на Украина“

LinkSense.mk

Папата денеска изјави дека срцето му е скршено поради инвазијата на Украина.

„Господ е со мировниците, а не со оние кои користат насилство“, рече папата во Ватикан.

Поглаварот на римокатоличката црква ги осуди луѓето кои веруваат во ѓаволската и перверзна логика на оружјето и посочи дека има итна потреба да се отворат хуманитарни коридори за бегалците. Тој го повика народот да ги пречека бегалците.

ОН предупредија дека 368.000 луѓе веќе побегнале од воената зона, а може да има дури 4 милиони.

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)