Париз ги „заѕида“ наркозависниците

Со спектакуларна акција на француската полиција наркозависниците под ведро небо раселени се од парискиот кварт Сталинград и префрлени недалеку од таму на нешто поосамена локација, а тогаш властите експресно преку викендот изградија ѕид, за да не можат дрогираните да се мешаат со останатата популација, да ги напаѓаат граѓаните и да им го отежнуваат секојдневието.

Опозицијата градењето на ѕидот го нарекува шокантен чин. Многумина се згрозени од овој „градежен“ потфат. Во исто време, се нагласува дека проблемот е само преместен и дека тоа нема да ја промени неговата суштина. Неверојатно е како тие луѓе, едноставно, не можеле да бидет однесени на лечење.

Станува збор за пребројани 128 „најтврдокорни“ конзументи, главно на „крек“, кој се користи веднаш, на лице место, со што се прави брза и голема зависност, со исто така бро психичко и физичко страдање.

На отворениот простор обезбедени се и тоалети, а затоа што постоел премин преку тунелот меѓу областа Сена Сен Дени и Париз под периферниот автопат, тој под итно, од двете страни, е зазидан за наркозависниците да бидат одвоени од првите згради на француската престолнина.

Граѓаните кои тунелот секојдневно го користеле, го нарекуваат „ѕидот на срамот“, истакнувајќи дека после Берлинскиот ѕид, сега постои и Пантенски ѕид, веќе наречен по местото Пантен, кое тука се однесува на Париз.

Наркозависниците, на барање на министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен, се раселени после непрестанатите жалби на огорчените жители од квартот Сталинград, на североистокот на Градот на светлината. Тука тие ги окупирале парковите, улиците, паркинзите. Дрогата се продавала на отворено, среде бел ден, а пред очи на родители и деца се конзумирала. Имало тепачки, караници, викотници, просјачење, кражби, па и напади од оние кои не знаат како поинаку да дојдат до пари за дрога. Оваа селидба, меѓутоа, е привремена, а трајно решение нема.

(Извор: Новости)