Париз пред колапс: Болниците полни 102 отсто

Бројот на лица на реанимација во Париз и околината го надмина нивото кое беше во моментот на воведувањето на карантин есента минатата година.

Моментно на интензивна нега во овој регион има 1.116 лица. Пополнетоста на капацитетите во француската престолнина е 101,66 отсто!

Исто така, во Париз е надминат и бројот од 400 заразени лица на сто илјади жители, којшто пранцускиот премиер Жан Кастекс го постави како лимит пред воведување на дополнителни мерки.

Кастекс се очекува утре да се обрати на јавноста, кога се очекува дека во главниот град на Франција ќе се воведат построги мерки. Се претпоставува дека ќе биде одреден вид на карантин, а можно е општо затворање за викендот.

Моментно на територијата на цела Франција на сила е полициски час од 18 до 6 часот наутро. Не работат рестораните, кафетериите, кината, театрите, музеите. Работата од дома е правило, секогаш кога е тоа возможно.

Тоа едно време одржуваше стабилна епидемиолошка слика, но циркулацијата на вирусот не се намалуваше. Во последно време, напроти, почна и да расте.

Заради влошената ситуација, французите започнаа опсежен и опасен процес на префрлање на тешко болните во помалку загрозените региони.

Лекарите постојано зборуваат дека капацитети се пребукирани и им забележуваат на властите дека порано требало да се воведат строги мерки.