ПДП ја почна кампањата од Тетово

Партијата за демократски просперитет со собир во Тетово ја почна кампањата за предвремените парламентарни избори.

Мотото на кампањата е „Гордо и достоинствено“, а ќе учествуваат со кандидати за пратеници само во шестата изборна единица.

„Во нашата програма посебен акцент има економската сфера за која ќе се залагаме, но тоа не значи дека другите области ќе ги занемариме, и дека нема да работиме и на нивна имплементација. Нашето залагање е Македонија да биде рамноправна за сите граѓани во сите сфери од животот, рече на собирот претседателот Абдуљади Вејсели.