Пепси, Кока-Кола, Старбакс и Мекдоналдс ја прекинуваат работата во Русија

LinkSense.mk

Coca-Cola и PepsiCo   ја прекинуваат продажбата на нивните сокови во Русија, откако претходно и Мекдоналдс и Старбакс објавија најава за прекин на бизнисите во таа држава.

Coca-Cola објави дека во 2021 година, нејзините операции во Русија и Украина сочинувале околу 1 до 2 отсто од нето оперативниот приход.

PepsiCo, чиј пијалок беше меѓу ретките западни производи дозволени во Советскиот Сојуз пред неговиот распад, најави дека ќе продолжи да продава во Русија млеко и други млечни производи, храна за бебиња и мали деца.

Мекдоналдс претходно објави дека привремено ќе ги затвори сите свои 847 ресторани во Русија. „Старбакс“ објави и дека ги суспендира сите деловни активности во Русија и дека околу 130 кафулиња што го носат неговото име ќе бидат затворени.

Русија почна инвазија на Украина на 24 февруари, што го натера Западот да воведе строги санкции против државата.

 

МИА