Пет лица се потешко повредени во сообраќјна несреќа, која денеска на пладне се случи кај местото викано Перово долче, на патот меѓу Пробиштип и Кратово.
Четворица од нив се пренесени и задржани на лекување во болницата во Кратово, а едно лице е во кумановската болница.
Според првичните информации од СВР Штип, во 12.20 часот возило, во кое се превезувале пет лица, излетало од коловозот и се превртело.
Увидот на местото на сообраќајката извршиле екипи на полицијата за да се утврдат причините што довеле до неа.
Патот Пробиштип-Кратово до 13.15 часот беше затворен за сообраќај во двата правца.