Пет нови „Хиаоми“ телефони стигнуваат на европскиот пазар

LinkSense.mk

Евроазиската економска комисија (ЕЕС) ја објави листата од пет нови „Хиаоми“ телефони, кои на пазарот во Европа можат да се очекуваат во текот на овој месец. За неколку денови понудата од кинеската компанија да биде официјализирана.

Од познатите модели на „Хиаоми“ стигнуваат Ми Макс 3 и Ми А2. Вториов модел официјално ќе биде претставен во Шпанија на 24 јули, а на промоцијата ќе му се придружи и Ми А2 Лајт моделот.

Кога е Макс 3 во прашање, телефонот прво ќе биде презентиран на 19 јули во Кина, а веднаш потоа стигнува на Стариот континент.

Следниот на листата е неодамна прикажаниот премиум модел – „Хиаоми Ми 8“.

На крајот е телефонот каков што досега немало тука, таканаречениот Посопхон (Pocophone) моделот. Единствено што за него се знае е дека има 6 ГБ РАМ и 64 ГБ/128 ГБ складиштен простор. Меѓутоа, бидејќи телефонот се појави на ЕЕС листата, повеќе од сигурно е дека за ден-два ќе има повеќе детали за тој уред.