Пешак бил прегазен во близина на пешачкиот премин пред мостот Гоце Делчев

LinkSense.mk

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје.

Пешак бил прегазен во близина на пешачкиот премин пред мостот Гоце Делчев, по што починал на самото место.

поред првичните информации, удрило возило БМВ Х5 со кумановска регистрација.

Во моментот, нема детали за прегазеното лице и за возачот.