ПЛАНЕТАРНА ПАРАДА: Гледајте го неделава небото, видлив е речиси целиот Сончев систем!

LinkSense.mk

Оваа недела љубителите на астрономијата и на ретките настани на небото можат да бидат сведоци на планетарната парада – порамнувањето на Јупитер, Меркур, Венера, Уран и Марс со Месечината.

Спектаклот, пишува Дејли Мејл, некои на земјината топка за прв пат можеле да го видат во текот на вчерашниот ден, но најдобрата глетка била пружена синоќа.

Највидлива беше Венера затоа што се работи за најсветлиот објект на ноќното небо до Месечината, а најголемата планета Јупитер и за нас соседниот Марс можеа да се видат и со голо око.

За Меркур и Уран, пак, беше потребен телескоп.

„Можете да го видите речиси целиот Сончев систем во една ноќ“, вели Рори Бентли, астроном од Универзитетот „Калифорнија“ во Лос Анџелес.

Планетарната парада најдобро се можеше да се види надвор од населените места, а небесните тела подеднакво беа видливи на јужната и северната полутопка.

Последен пат петте планети, како синоќа, се порамнија во 2020 година, и претходно уште во 2016 година.

Ова се случува, како што толкуваат експертите, затоа што Сончевиот систем е обликуван како рамен диск со планети кои кружат околу истата рамна област.

„Прекрасно е да се видат толку многу ентузијасти на ‘Планетарната парада’ на плажата Портобело вечерва.

Прекрасно ведро небо – Венера и Марс изгледаат одлично – само е штета што сме далеку на север, Јупитер и Меркур се всушност поставени заедно со Сонцето“, напиша шкотската астрономка Кетрин Хејманс на својот профил на Твитер.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Алами / Профимедиа / Оливер Тејлор)