Планинар на Мон Блан пронајде ковчег со богатство

LinkSense.mk

Ковчег со смарагди, рубини и сафири со децении закопан во глечер на францускиот Мон Блан конечно е поделен меѓу планинарот кој го пронајде и локалната власт, осум години после пронаоѓањето.

Планинарот наиде на богатството во 2013 година. Тоа остана скриено во метална кутија која била на летот на индискиот авион кој се сруши пред околу 50 години.

„Богатството оваа недела е поделено на два еднакви делови, кои се проценуваат на по 150.000 евра“, изјави за АФП градоначалникот на Шамони, Ерик Фурние.

Тој рече дека е многу среќен што приказната се привела кон крај, посебно за планинарот чиј интегритет го пофали затоа што го пријавил тоа што го најде, како што налага законот.

Два авиони на „Ер Индија“ се срушија на Мон Блан во 1950 и 1966 година. Низ годините планинарите редовно пронаоѓале патни торби и човечки остатоци од авионот.

Во септември 2012 година, Индија зеде торба со дипломатска пошта од Кангченџунга, од Боингот 707 кој летал од Мумбај и се урна на југозападната страна на Мон Блан, на 24 јануари 1966 година. Во несреќата загинаа 117 лица, меѓу кои и пионерот на индиската нуклеарна програма Хоми Џехангир Бабу.

Властите веруваат дека накитот најверојатно потекнува од лет што патувал на релација Мумбај-Њујорк.