Повеќе од 100 светски лидери ветија крај на уништувањето на шумите до 2030.Меѓу потписниците и Македонија

LinkSense.mk

Повеќе од 100 светски лидери ветија дека ќе стават крај на уништувањето на шумите до 2030 година, што е првиот голем договор постигнат на самитот за климата ЦОП26 во Глазгов. Бразил, каде што се уништени големи пространства на амазонските дождовни шуми, ќе биде меѓу потписниците на договорот денеска, исто како и Македонија.

Договорот вклучува и речиси 20 милијарди долари од јавни и приватни фондови.

Експертите го поздравија договорот, но предупредија дека претходен договор од 2014 година не успеал да го забави уништувањето.

„Ова е историски договор за заштита и обнова на шумите на Земјата. Овие катедрали на природата се белите дробови на нашата планета“, изјави британскиот премиер Борис Џонсон, кој е домаќин на самитот.

Меѓу 106 земји кои ветија дека го потпишат договорот се и САД, Канада, Бразил, Русија, Кина, Индонезија и Демократска Република Конго, каде што се наоѓаат 85% од светските шуми. Повеќе од 30 од најголемите светски компании се обврзаа дека да прекинат со инвестициите кои се поврзани со сечењето шуми, а ќе се воспостави и фонд од една милијарда долари за заштита на втората најголема тропска дождовна шума на светот, што се наоѓа во Конго.

Двонеделниот самит во Глазгов се смета за клучен за да се стават климатските промени под контрола.