Во експлозија во рудник за јаглен на североистокот на Кина загинаа 21 лице.
Спасувачите се обидуваат да допрат до еден преживеан рудар, кој веќе три дена е заглавен под земја.
Експлозијата се случила во вторникот навечер во приватниот рудник во градот Читајхе во провинцијата Хеилогџијанг, затрупувајќи 22 рудари, пренесува денес Синхуа.
Вечерва е потврдено дека 21 рудар загинале.
Кина е најголем светски производител на јаглен и катастрофалните несреќи во рудниците во таа земја се чести, потсетува АФП.