Повеќе скопски населби и села утре без струја

LinkSense.mk

Танушевци, Мирковци, Побожје, Малино, Бродец, Брест, Љубанци и Кучевиште утре од 13 до 15 часот ќе останат без електрична енергија.

Од 8 до 15 часот без струја ќе биде селото Буковиќ, а од 8.30 до 11.30 часот жителите на улицата „Тодор Циповски – Мерџан“.

Струја, меѓу 9 и 15.30 часот, нема да има ниту во Света Петка, Чифлик, Барово, Кадино, индустриските објекти во реонот Дрма, Мралино, дел од Идризово, на улиците „Ловќенска“, „Хелсинки“, „Севастополска“, „Рифат Бурџевиќ“, „Кримска“, „Страцинска“ и „Вашингтонска“, дел од „Вера Јоциќ“ и во викенд населбата Матка,

Прекините, според информации од Центарот за управување со кризи, се поради извршување работи во електросистемот.