Податоци на ДИК покажуваат дека во 10 општини се избрани градоначалници во прв круг

LinkSense.mk

– Завршено е броењето на гласовите и во првиот круг избрани се градоначалници на девет општини: Градско, Дојран, Центар Жупа, Богданци, Виница, Валандово, Зрновци, Могила, Пласница и Липково, покажуваат досегашните податоци објавени на онлајн апликацијата на Државната изборна комисија.

Во прв круг избрани се: Киро Нацков од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Градско со освоени 55,66% од гласовите, Анго Ангов од СДСМ за градоначалник на Дојран со 53,21% од гласовите, Аријан Ибраим од ДПТМ за градоначалик на Центар Жупа со 71,16%.

Во прв круг за градоначалник на Богданци е избран Блаже Шапов од СДСМ со 50,70% пред Марјан Пеев од ВМРО-ДПМНЕ со 41,65% од гласовите, на Виница Миле Петков од ВМРО-ДПМНЕ со 55,39% пред Ивица Димитров со 39,14%, на Валандово Перо Костадинов од СДСМ со 57,73% пред Тони Узунуов од ВМРО-ДПМНЕ со 37,32%, на Зрновци Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ со 54,54% пред Виктор Анѓелов со 40,57%, на Могила Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ со 57,28% пред Јасмина Гулевска од СДСМ со 36,81%, на Пласница Алија Јаоски од ДУИ со освоени 76,65% пред Абдулваит Карамалески од ДПТМ со со 20,64% и на Липково е избран кандидатот на ДУИ Еркан Арифи со 72,59% пред Арсим Идризи од АА/А со 17,04% од гласовите.