Подготовки за одбележување на Успение на пресвета Богородица во Матка

Православните христијани на 28 август го одбележуваат еден од најголемите празници Успение на пресвета Богородица. Во предвечерието на празникот и на самиот ден Скопјани најчесто го посетуваат манастирот Успение на пресвета Богородица во
Матка, каде Одбележувањето започнува на 27 август во 17 часот со Вечерна богослужба која ќе се одржува во дворот на манастирот на отворено. На полноќ ќе започне бдение, кое ќе заврши со Божествена литургија.

Службата ќе почне во 8 часот утрото на 28 август и исто така ќе се одвива на отворено. Со неа ќе чиноначалствуваат свештеници од Скопската епархија.

На 28 август, традиционално во дворот на манастирот ќе се одржи крводарителска акција.