Пожар изби кај фотонапонската електрана „Осломеј“

LinkSense.mk

Претпладнево избувна пожар во трансформаторска станица што е дел од
новоизградената соларна електрана на поранешниот рудник за јаглен „Осломеј“.

Премиерот Ковачевски денеска треба да ја посети фотонапонската електрана „Осломеј“, меѓутоа изби пожар во трансформаторската станица. 

Не се објавени дополнителни детали за пожарот, односно не е позната причината, меѓутоа огнот е изгаснат.

Премиерот Ковачевски заедно со министерот за Економија, Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски денеска  треба да ја посетат електраната.

 

МИА