Познати 11 учесници на Светско првенство 2022 година во Катар

LinkSense.mk

– По завршувањето на квалификациските натпревари од синоќа познати се 11 репрезентации кои досега обезбедија учество на Светското фудбалско првенство следната година.

Покрај домаќинот на Мундијалот 2022, Катар, учество изборија и:
Германија – победник во квалификациската група Ј во Европа
Данска – победник во квалификациската група Ф во Европа
Бразил – победник во квалификациската група во Јужна Америка
Белгија – победник во квалификациската група Е во Европа
Франција – победник во квалификациската група Д во Европа
Хрватска – победник во квалификациската група Х во Европа
Шпанија – победник во квалификациската група Б во Европа
Србија – победник во квалификациската група А во Европа

Англија – победник во квалификациската група И во Европа
Швајцарија – победник во квалификациската група Ц во Европа.

За 26 ноември е закажана ждрепката за плејофот на европскиот континент на која ќе учествува и македонската репрезентација. Ќе се формираат три групи со по четири репрезентации, само победниците ќе изборат пласман на СП во Катар.

На првенството кое ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември 2022 ќе играат 32 репрезентации.