Димитра А. (61) од Охрид е лицето чие безживотно тело вчера беше извлечено од водите на Охридското Езеро кај плажата Сараиште во стариот дел на градот.
Според соопштението на полицијата, неговото тело било забележано во водите на езерото околу 17:50 часот, на околу четири метри длабочина и на оддалеченост од околу десеттина метри од езерскиот брег.
Увид на самото место е извшен од полициски екипи во пристуство на јавен обвинител.
На безживотното тело не се забележани траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, денеска врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.