„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје

Еврокомесарот за добрососдество и проширување, Оливер Вархеји, беше премногу мек кон Софија, но проблемот е и во тоа што Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно остра кон бугарскиот премиер, Бојко Борисов, пишува „Политико“ анализирајќи ги поединечно еврокомесарите и нивната работа за годинава што изминува.

Во делот посветен за еврокомесарот за добрососедство и проширување, Оливер Вархеји, медиумот за негови најлоши моменти годинава ја издвојува блокадата од Бугарија кон Македонија за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ.

„Блокадата на Бугарија за почнување на преговори за членство во ЕУ на С Македонија, поради билатералниот спор околу јазикот и идентитетот, ѝ зададе удар на Комисијата, чија цел беше да ги стартува преговорите до крајот на годинава. Некои дипломати го обвинуваат Вархеји дека е премногу мек кон Софија, но повеќето велат дека главниот проблем е што ЕПП не беше доволно тврда кон бугарскиот премиер Бојко Борисов. Вархеји е критикуван дека повеќе е наклонет кон унгарските интереси отколку кон интересите на ЕУ како целина“,пишува „Политико“.

Сепак, според „Политико“, клучен играч за остранување на блокадата меѓу Бугарија и С Македонија е германското претседателство, а не Вархеји.

„Додека тоа не се случи, поголем дел од неговата работа е практично замрзната“,пишува „Политико“ во анализата на работата на еврокомесарите.