Полицаец во Конго уби студент бидејки не носел маска

Полицаец во Киншаса, Демократска Република Конго, уби студент затоа што не носел заштитна маска при снимање видео.

„Нашиот колега Оноре Шама, студент по литература на Универзитетот во Киншаса, снимаше видео како дел од практична работа поврзана со жанрот комедија. Полицаецот му рекол да стави маска, но и покрај објаснувањата и откако ја ставил маската, полицаецот се налутил бидејќи очекувал да добие пари и го обвинил за пружање отпор, по што пукал во него од непосредна близина“, изјави студент кој го посведочил настанот.

Полицаецот е во бегство.

Полицајците во Киншаса редовно ги малтретираат луѓето и бараат пари за казна, без да издадат потврда за плаќање, јавуваат медиумите.

Вакцинацијата е прекината од 19 јули, бидејќи поминал рокот на вакцината „АстраЗенека“.