Полицијата апси полицајци за вмешаност во изборен криминал?

Во Куманово во тек е полициска акција за апсење на службени лица, наводно, за вмешаност во изборни неправилности.

Според неофицијални информации, припадници на единицата за брзо распоредување вршат претрес во домот на началникот на кумановската полиција.

Од МВР ниту го потврдуваат, ниту го негираат настанот. Велат оти немаат информации дека такво нешто се случува и дека доколку навистина има приведување детали за настанот ќе кажат во текот на утрешниот ден.