Полицијата прекинала свадба во Врапчиште, домаќинот лишен од слобода

Гостиварската полиција попладнево прекинала свадбена свечност во селото Врапчиште која се организирала пред семејна куќа.

Во полициска станица бил приведен сопственикот кој ќе се соочи со кривична пријава.

Од СВР Тетово информираа дека околу 15 часот и 40 минути, полициски службеници на СВРТетово-ОВР Гостивар го лишиле од слобода А. З. (56) од гостиварско Врапчиште.

„Пред неговата куќа била организирана свадбена свеченост, на која присуствувале триесетина лица кои ги забавувал музички оркестар. нСопственикот на куќата е задржан во Полициската станица Гостивар“, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

На местото е извршен увид и по целосно расчистување и документирање на случајот против А. З. ќе биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик, поради сомнение дека сторил кривично делонепостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Во последниот апел на СВР Тетово до угостителите во полошкиот регион беше посочено на доследно почитување на најновите владини мерки и воздржување од организација на свадбени и други свечености или прослави.

„Во спротивно најригорозно ќе бидат санкионирани сите прекршувања на мерките, особено во случаи кога ќе биде констатирано групно собирање во објекти за најразлични поводи. Непочитувањето на мерките oд угостители или поединци-организатори на семејни прослави ќе се третира кривично и нема да се толерираат никакви отстапувања од предвиденото“, нагласува Јосифоски.

Апелот доаѓа во период од годината кога во родниот крај доаѓаат иселениците и традиционално се организраат веселби, свaдбени свечености и приредуваат други семејни собирања.

Изминатва недела во гостиварско од слобода беа лишени три лица, кои во нивните локали примале гости по работното време и правеле забави за гостите.