Полицијата со солзавец ја растури Парадата на гордоста во Истанбул

Турската полиција употреби солзавец да ги растера насобраните на Парадата на гордоста денеска во центарот на Истанбул и притворила неколку лица кои сакале да присуствуваат на настанот за кој локалните власти не дадоа дозвола за тој да се одржи.

Агенцијата Ројтерс снимила како полицајци туркаат и влечат луѓе, од кои некои мафтаа со знамиња со боите на виножитото додека се собираа во улицата крај централната авенија Истиклал.

Приведени се околу 20 луѓе, вклучувајќи и еден фоторепортер, известуваат медиумите.

Турските власти неколку пати во последните години го забранија одржувањето на Парадата на гордоста. Претходно илјадници луѓе учествуваа на тие паради на улиците во Истанбул.

Турција веќе долго време е кандидат за членство во Европската унија, но нејзиниот процес за придружување се одолговлекува разади разни прашања, вклучувајќи го и почитувањето на човековите права.

Во четвртокот повеќето членки на Европската унија во заедничко писмо вети дека ќе ја продолжи борбата против дискриминацијата на ЛГБТ заедницата додека трае спорот со Унгарија, чиј парламент минатата недела го одобри законот со кој на училиштата им се забранува дистрибуција на материјал кој, наводно, ги поттикнува хомосексуалноста и промената на полот.

 

 

 

(Фото: ЕПА)