Полската војска пукала на мигранти!?

LinkSense.mk

Полските сили за одбрана се обидоа за запрат група мигранти која сакала да премине на нивна територија вчеравечер со пукање од пушкомитралез, се наведува во денешното соопштение од Државниот граничен комитет на Белорусија.

Овој пат полските сили ги дочекаа мигрантите со оган од автоматско оружје. Подрачјето го обезбедуваа белоруски војници за да спречат можни провокации“, стои во соопштението објавено на сајтот, пренесува ТАСС.

Белорускиот граничен комитет информира дека состојбата на белоруско-полската граница и понатаму е напната.

Претходно, белорускиот истражен одбор соопшти дека разгледува случај на уште една употреба на сила од страна на Полска против мигрантите, кој се случил на 23 ноември.

(Фото: ЕПА)