Полска: Протест против реформите во школството

Илјадници професори и родители протестираа вчера во Варшава поради планот на владата на Полска да ги укине тригодишните средни училишта за деца меѓу 12 и 16 години.

Протестот во центарот на Варшава го организираше учителскиот синдикат и тој беше уште еден израз на несогласување со политиките на полската влада, пренесува АП.

Учесниците на протестот наведоа и дека тригодишните средни училишта помогнаа образованието побрзо да се прилагоди на европските стандарди, додека реформата на школството би била мошне скапа.

varsava-111

Демонстрантите фрлале парчиња креди на парламентот за да го изразат несогласувањето со реформите и на претседателот Анджеј Дуда му оставиле потпишана петиција, за да ги запре реформите.

Протестирале, изјавиле, затоа што се плашат дека илјадници луѓе ќе останат без работа, а поедини професори, пак, сметаат дека планираните рефори ќе ги зајакнат „националистичките вредности“.

„Училиштата не смеат да бидат уништени. Потребни се паметни промени. Затоа велиме НЕ за елиминацијата на средните училишта и на праисториското школување“, рекол еден од професорите кои протестирале.

varsava-2

Организаторите рекле дека на протестот учествувале околу 50 илјади луѓе, додека полицијата соопштува за присутност на околу 15 илјади граѓани.

Полското Министерство за образование сака да изврши реформа на тригодишното средно образование, затоа што, како наведуваат од таму, „училиштата слабо ги образувале учениците“.

Со реформите се планира да се врати стариот модел, системот на школување каков што бил пред 1999 година, кој предвидувал осум години основно и четири години средно училиште.

varsava-3